Кина ја скратува должината на карантинот за патниците

Сподели со своите пријатели

Кина одлучи да ублажи дел од ограничувањата воведени поради корона вирусот, соопштија денеска здравствените власти на земјата.

Loading...

Меѓу другото, карантинот ќе биде скратен за два дена за блиски контакти со болните, како и за патниците кои доаѓаат во таа земја, а ќе бидат укинати и казните за авиокомпаниите за носење заразени патници, пренесува Ројтерс.

Според новите правила, лицата кои имале близок контакт со заразено лице се обврзани да останат во централен карантин пет дена, а потоа во дополнителна самоизолација уште три дена.

Истото важи и за патниците кои доаѓаат во Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

За време на престојот во централниот карантин, патниците треба да направат пет ПЦР тестови.