Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајван

Сподели со своите пријатели

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти денеска Канцеларијата за тајвански работи на кинеското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Пекинг ги повика САД да ја исполнат својата обврска да не ја поддржуваат независноста на кинескиот регион Тајван, како и да престанат со секаков вид негово вооружување, рече портпаролот на Канцеларијата.

Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се одобрува пакет безбедносна помош за Израел, Украина и кинескиот регион Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.

Пакетот за помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 8,12 милијарди за „контра комунистичка Кина“ во Индо-пацификот, додека четвртиот дел од пакетот е наменет за мерки што ќе доведат до потенцијална забрана на апликацијата ТикТок во САД, мерките за пренос на замрзнати руски средства во Украина и новите санкции кон Иран.

Војската на Тајван во неделата соопшти дека ќе разговара за тоа како да се користи американскиот пакет помош, пренесува Ројтерс.