Кина испрати авиони и бродови во Тајван откако САД објавија продажба на оружје на островот

Сподели со своите пријатели

Кина испрати десетици авиони и бродови во Тајван, соопшти утринава тајванското Министерство за одбрана.

Loading...

Потегот на Кина дојде само неколку дена откако САД одобри продажба на оружје од 500 милиони долари (463 милиони евра) на Тајван.

Министерството за одбрана во соопштението наведува дека од вчера од 06:00 часот до 06:00 часот утринава биле откриени 32 авиони на Ослободителната народна армија и девет пловни објекти на морнарицата.

Тие тврдат дека околу 20 авиони ја поминале средната линија во Тајванскиот теснец.

Како одговор, Тајван ги стави во состојба на готовност своите авиони, бродови и ракетни системи, соопшти Министерството.

Кина го смета Тајван за дел од својата територија и не ја признава неговата самопрогласена независност.

Минатата година Пекинг ги засили воените вежби околу островот како одговор на политичките активности на Тајван.

Стејт департментот во средата објави дека е потпишана продажба од половина милијарда долари на инфрацрвени системи за пребарување и следење за борбени авиони Ф-16 и друга поврзана опрема на Тајван.

Loading...

Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Џанг Ксијаоганг вчера изјави дека Кина се противи на продажбата, нарекувајќи ја „грубо мешање“ во внатрешните работи на Кина.