Кина испраќа војници во Русија на заедничка вежба

Сподели со своите пријатели

Кинеските војници ќе отпатуваат во Русија за да учествуваат во заедничка воена вежба со Русија и други земји, вклучувајќи ги Индија, Белорусија и Таџикистан, соопшти во средата кинеското Министерство за одбрана.

Loading...

Учеството на Кина во заеднички вежби „не е поврзано со актуелната меѓународна и регионална ситуација“, се вели во соопштението за печатот на Министерството.

Вежбите се дел од билатералниот годишен договор за соработка, беше речено, пренесе Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Слични воени вежби предводени од Русија во кои учествуваше Кина беа одржани во последниве години.

„Целта е да се продлабочи практичната и пријателска соработка со армиите на земјите учеснички, да се подобри нивото на стратешка соработка меѓу учесниците и да се зајакне способноста за одговор на различни безбедносни закани“, се наведува во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Во екот на тензиите во Тајванскиот теснец поради посетата на американски претставници на Тајван, Кина во средата ги започна тридневните воени вежби во Жолтото Море.

Кинеската управа за поморска безбедност (CMSA) објави дека на невоените пловни објекти им е забранет влез во областите каде што ќе се изведуваат вежбите.

Воените вежби почнаа во 8:30 часот по локално време и ќе траат до петок во 17 часот, објави кинескиот Глобал тајмс, пренесува Анадолија.

Loading...

Кинеската војска одржа големи вежби од почетокот на овој месец, веднаш по ненајавената посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Пекинг го осуди патувањето, ги санкционираше Пелоси и нејзиното семејство и го намали воениот дијалог со САД и презеде уште пет „контрамерки“.