Кина: Илјадници луѓе евакуирани поради можни поплави

Сподели со своите пријатели

Десетици илјади луѓе денеска се евакуирани од југозападна Кина во безбедни подрачја, бидејќи се проценува дека постои опасност од поплави поради обилните дождови во оваа област, која е погодена од топлотен бран и суша во поголемиот дел од лето.

Loading...

Кинеската метеоролошка служба прогнозираше обилни врнежи од дожд во делови од провинциите Сечуан и Чонгкинг најмалку до вторник, пренесува АП.

Во Чонгкинг, мегаград изграден во ридско подрачје, издадено е предупредување за поплави и за денеска и за утре.

Властите од неделата навечер евакуираа 61.000 луѓе од Сечуан на побезбедни места, бидејќи во текот на ноќта врнеше силен дожд, објави денеска државната телевизија ЦТВ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Едно село во областа Гуангјуан наврнало дури 18,8 сантиметри дожд.