Кина вети дека решително ќе се спротивстави на сите напори на Тајван да склучува договори со „надворешни ентитети“ и да продолжи со независноста, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на земјата, Жао Лиџијан.
Забелешките дојдоа како одговор на барањето за планот објавен оваа недела од Тајван да инвестира повеќе од 10 милиони евра во производство на чипови во Литванија.
Тензијата во тајванскиот теснец настанува поради тоа што властите на тајванската владејачка Демократска напредна партија (ДПП) се договараат со странски сили, додаде портпаролот Жао Лиџијан на редовен брифинг во кинескиот главен град Пекинг, пренесува Ројтерс.
Кина тврди дека демократски управуваниот Тајван е нејзина територија.
Владата на Тајван го отфрла ова, додавајќи дека бидејќи Кина никогаш не владеела со островот, нејзините претензии за суверенитет над островот се невалидни.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.