Кина го лансираше третиот и последен модул на својата вселенска станица

Сподели со своите пријатели

Кина го лансираше својот трет и последен модул потребен за комплетирање на постојаната вселенска станица.

Loading...

Модулот Менгтиан беше лансиран во вселената од центарот за лансирање на сателити Венчанг во јужната островска провинција Хаинан со ракетата Long March-5B Y4, која е меѓу најмоќните кинески ракети-носачи, пренесува агенцијата Бета, повикувајќи се на АП.

Лансирањето Менгтиан е без екипаж.

Тој ќе му се придружи на Вентиан

Голем број луѓе, фотографи аматери, вселенски ентузијасти и други го следеа лансирањето од блиската плажа.

Менгтиан ќе му се придружи на Вентиан, вториот лабораториски модул на вселенската станица и ќе се поврзе со центарот Тианхе, каде што живее и работи екипажот.

Кинеската вселенска станица Тиангонг моментално е дом на екипаж од тројца астронаути, двајца мажи и две жени.