Кина е подготвена да помогне во истрагата за прекин на финскиот кабел во Балтичкото Море

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Кина е подготвена да помогне во истрагата за прекинот на ИТ каблите во Балтичкото Море што ги поврзуваат Финска и Германија, како и Шведска и Литванија.

Loading...

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека Кина е подготвена да соработува со релевантните земји за да открие што се случило во врска со оштетувањето на двата подморнички кабли во Балтичкото Море.

Тој ова го изјави на редовна прес-конференција, како одговор на прашање за барањето на Шведска Кина да соработува во истрагата за овој инцидент, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран објави дека успешно лансирал ракета во вселената

Финската компанија Синија денеска соопшти дека целосно го обновила својот подморски оптички кабел C-Lion1, кој ги поврзува Финска и Германија, а кој беше во прекин од 18 ноември. Шведска вчера испрати официјално барање до Кина за соработка за расветлување на околностите кои довеле до оштетување на два кабли во Балтичкото Море.

Каблите, едниот што ги поврзува Финска и Германија, а другиот ги поврзува Шведска со Литванија, беа оштетени на 17 и 18 ноември, поради што германскиот министер за одбрана Борис Писториус шпекулираше дека се работи за саботажа.

Инспекторите се фокусираа на кинескиот носач на нафта Ји Пенг 3, кој го напушти руското пристаниште Уст-Луга на 15 ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мухамед e најпопуларно машко име во Велика Британија

На 26 ноември шведските власти побараа бродот, кој моментално мирува во меѓународните води во данската економска зона, да биде вратен во Шведска за да помогне во истрагата, пренесува Танјуг.

Западните разузнавачки претставници од неколку земји рекоа дека се уверени дека кинескиот брод ги предизвикал оштетувањата на двата кабли, но изразија различни ставови за тоа дали станува збор за несреќа или намерно.

Loading...