Кина би можела да возврати откако Бајден го потпиша законот за Тајван

Сподели со своите пријатели

Кина навести дека може да возврати откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот со кој ќе се зајакне одбраната на Тајван и ќе се бара од кинескиот сопственик на TikTok да ја продаде компанијата.

Loading...

Во средата Бајден го потпиша пакетот воена помош, кој најмногу е наменет за Украина и Израел.

Тој, исто така, потпиша посебен предлог-закон поврзан со пакетот со кој ќе се забрани TikTok во САД доколку неговиот кинески сопственик не го продаде во рок од една година.

Говорејќи во Пекинг, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан ги повика САД да не спроведуваат „негативни“ делови од законот што „се однесуваат на Кина“.

„Доколку САД тврдоглаво стојат на својата одлука, Кина ќе преземе решителни чекори за да ги заштити своите безбедносни и развојни интереси“, рече тој, без да даде детали.

Тајванската влада го поздрави новиот американски закон, велејќи дека ќе помогне да се зачува безбедноста во регионот.