Кина: Америка не може да ни држи лекции за испраќање оружје

Сподели со своите пријатели

Денеска пристигна реакцијата на кинеското Министерство за надворешни работи на изјавите на американските претставници, кои викендов тврдеа дека Пекинг размислува да испрати оружје и муниција во Русија.

Loading...

Кинеската дипломатија денеска соопшти дека Америка „не е квалификувана да дава лекции“ за испраќање оружје.

Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, изјави денеска:

„Американската страна, а не кинеската страна, постојано испраќа оружје на фронтот. Американската страна не е квалификувана да ѝ држи лекции на Кина. Никогаш не би прифатиле Америка да диктира или става притисок врз кинеско-руските односи рече Венбин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ким Џонг Ун нема да преговара за денуклеаризација со Америка“

„Кој повикува на мир, а кој дели оружје?

„Кој повикува на дијалог и мир, а кој дели оружје и поттикнува конфронтација? праша тој, додавајќи дека Кина „продолжува да повикува на мир и да промовира дијалог“ со цел да се реши конфликтот во Украина и „цврсто стои на играње конструктивна улога во промовирањето на деескалација на конфликтот и смирување на ситуацијата“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.