Руски единици го опколија Бахмут, тврди Игор Кимаковски, советник на в.д. шефот на самопрогласената Народна Република Доњецк, чија анексија беше прогласена од Русија.
Кимаковски за „Први Канал“ изјави дека Бахмут е опколен и дека од двете страни се формираат ударни групи за да го опколат градот, а околу Бахмут е силно активна артилерија, пренесува РИА Новости.
Бахмут е стратешки град и транспортен центар преку кој се снабдуваат украинските војници во Донбас.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.