Ким: Северна Кореја истрела балистичка ракета за да предизвика страв кај непријателите

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја денеска потврди дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета со цел, како што наведе, „да им влее страв на непријателите“.

Loading...

Ракетата беше лансирана во четвртокот наутро, неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Јок Сук-Јол да се состане со јапонскиот премиер Фумио Кишида на самит, делумно насочен кон обнова на безбедносните врски меѓу американските сојузници соочени со севернокорејските нуклеарни закани.

Официјалната новинска агенција на Северна Кореја објави дека претседателот Ким Џонг-ун го надгледувал пробното лансирање на ракетата Хвасонг-17 и ја нагласил целта да се „внесе страв кај непријателите“ поради, како што рече, „отворено непријателство“ покажано кон Северна Кореја со заеднички сили.воени вежби на САД и Јужна Кореја.

Ракетата била лансирана под висок агол за да се избегне територијата на севернокорејскиот сосед, а проектилот достигнал максимална висина од 6.045 километри и поминал 1.000 километри пред да падне во водите на источниот брег на земјата, јави КЦНА, јави Танјуг.

Зголемен одговор на воените вежби

Северна Кореја го засили својот одговор на американско-јужнокорејските воени вежби, најголеми од ваков вид во последниве години, со истрелување четири проектили за околу една недела, објави АП.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден сака подобри врски меѓу Јужна Кореја и Јапонија, кои се во опаѓање поради историските прашања во последниве години, бидејќи се обидува да ја зајакне својата мрежа на сојузници во Азија за да се спротивстави на нуклеарната закана на Северна Кореја и зголеменото влијание на Кина, соопшти американската агенција.

Покрај комбинираните вежби кои започнаа во понеделникот и продолжуваат до 23 март, САД и Јужна Кореја исто така учествуваат во вежби со подморници, заедно со Јапонија, Канада и Индија, кои започнаа во средата.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...