Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претседаваше со седницата на Политбирото на Централниот комитет на Работничката партија на која се разговараше за исходот од неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, објавија државните медиуми.
За време на седницата, официјалните лица ја анализираа важноста на посетата на Ким на Русија и ги претставија долгорочните планови за развој на билатералните односи, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на севернокорејската национална новинска агенција KCNA.
На средбата Ким ја истакна потребата од „зајакнување на контактите и соработката меѓу двете земји на различни полиња“.
Ким и Путин се сретнаа во вселенскиот центар Васточни во регионот Амур на далечниот исток на Русија, а според медиумите разговарале за испорака на севернокорејско оружје за руската војна во Украина во замена за руска помош во храна и трансфер на технологија за оружје до Пјонгјанг.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.