Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во петокот пристигна во градот Комсомолск на Амур на рускиот Далечен Исток и се упати кон фабриката што произведува воени авиони и друга опрема, објави руската новинска агенција Тас.
Тас пренесува дека Ким бил пречекан од регионалниот гувернер и други официјални лица на црвениот тепих на железничката станица во градот.
Тој беше однесен во фабриката за авиони именувана по советскиот космонаут Јуриј Гагарин, првиот човек во вселената.
Во фабриката се произведуваат најсовремените руски борбени авиони, а Тасс ги издвојува Су-35 и Су-57. Тие произведуваат и цивилни авиони.
Во четвртокот, придружуван од рускиот претседател Владимир Путин, Ким го посети космодромот Восточни, најмодерниот руски вселенски објект, во регионот Амур.
Двајцата водачи, придружувани од нивните министри за одбрана, разговараа за воени прашања.
Во четвртокот Путин ја прифати поканата на Ким да ја посети Северна Кореја, пренесува Ројтерс.
Зајакнувањето на пријателството меѓу Ким и Путин ги загрижува САД и нивните сојузници.
Вашингтон го обвинува Ким дека и продава оружје на Русија, но не е докажано дека тоа всушност се случува.
И Русија и Северна Кореја го негираат ова, но ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.