Ким Џонг Ун со ќерката гледаше фудбалски натпревар

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја донел својата ќерка на фудбалски натпревар на прослава на роденденот на својот покоен татко, објавија денеска државните медиуми.

Loading...

Официјалната корејска новинска агенција КЦНА соопшти дека присуството на Ким и неговата ќерка Ким Ју-ае, која има околу 10 години, донесе „радост и возбуда“ на церемонијалниот натпревар меѓу членовите на кабинетот и Министерството за одбрана во петокот, пренесе Танјуг.

Се вели дека тимот на Министерството за одбрана го добил натпреварот со 3-1, а потоа повторно го победил персоналот на кабинетот во влечење јаже.

Настанот го одбележа роденденот на починатиот Ким Џонг-ил, претходниот лидер на земјата и татко на сегашниот владетел.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.