Ким Џонг Ун: Русија ќе ги победи империјалистите

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска изјави дека Русија ќе победи во борбата против, како што рече, „империјалистите“.

Loading...

Северна Кореја воспостави блиски врски со Кремљ и ја поддржа Москва по нападот на Украина минатата година, вклучително и признавањето на анектираните делови на Украина, потег што повеќето членки на Обединетите нации го нарекоа незаконски.

„Народе на Русија, ви испраќаме топли поздрави до вас, како и до руската армија и граѓаните кои се борат за своето свето право да го одржуваат мирот во светот“, се вели во писмото на Ким до рускиот претседател Владимир Путин.

Ким, исто така, му го честиташе на Путин Денот на победата во Втората светска војна, велејќи дека Русија ќе продолжи да ја штити својата автономија и регионалната стабилност.