Ким Џонг Ун на својата ќерка ѝ додели титула која никој ја нема во Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

На воената парада во Пјонгјанг, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја донесе својата ќерка Ким Ју-ае (11), што ги подгреа шпекулациите дека ја подготвува да го наследи во иднина, и ѝ ја даде титулата за најсакана личност во целата земја, титула која никој не ја имал претходно.

Loading...

Во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, Ким Џонг Ун организираше воена парада на која се обиде да ги покаже можностите на својата армија.

Иако во фокусот на парадата беа ракетите кои имаат најголем дострел во арсеналот на севернокорејската армија, најголемо внимание привлече појавата на ќерката на Ким Џонг Ун, Ким Ју-ае.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Минхен откажани голем број летови поради штрајк на аеродромот

Џу-ае (11) не се појавувала претерано со нејзиниот татко, ниту останатите деца на овој диктатор.

Токму затоа толкаво внимание беше насочено кон неа, со оглед на тоа што целата парада ја помина со татко и и мајка и, дури и на местото кое вообичаено е резервирано за лидерот на државата.

Веќе започнаа гласините дека таа ќе го замени Ким Џонг Ун кога севернокорејскиот лидер ќе почине или ќе ја напушти функцијата.

Иако сѐ уште е рано да се зборува за тоа, со оглед на тоа дека Ким Ју-ае има 11 години, повторно е интересно што таа се појави на место каде претходно не бил ниту едно од децата на Џонг Ун, пренесува CNN.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трите најголеми австриски центристички партии се договорија за коалицирање

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...