Километарски редици за храна и вода во Киев

Сподели со своите пријатели

Американската телевизиска мрежа CNN јавува дека од утрово во Киев има долги редици пред супермаркетите и јавните чешми за вода.

Loading...

Репортерот на Си-Ен-Ен наведува дека редиците пред некои супермаркети се долги неколку километри, а најголемата гужва се создава кај чешмите каде што луѓето чекаат да наполнат балони со вода.

Руските сили во претходните денови ја бомбардираа инфраструктурата на главниот град на Украина, поради што повеќето жители во своите домови моментално немаат вода за пиење.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 80 отсто од Киев е без струја како резултат на руската агресија.

Според Си-Ен-Ен, жителите на Киев мирно чекаат во редици, но кај локалните власти постои страв дека може да дојде до немири доколку оваа ситуација трае подолго време.

Во извештајот се наведува дека најголем страв е од потенцијалните провокатори во редовите за кои се верува дека работат по налог на Москва.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека ситуацијата е под контрола и дека градот е подготвен за такво сценарио.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...