Киев: Руските напад со дронови во западна Украина, има мртви и ранети

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а четворица се ранети во западна Украина во синоќешниот руски напад со десетина дронови од иранско производство, соопштија украинските власти.

Loading...

Повредениот бил спасител, а тој бил убиен додека ја извршувал својата должност, изјави преку Телеграм градоначалникот на Хмелницки Олександар Симчишин, наведувајќи дека во тие удари биле оштетени згради.

Гувернерот на регионот Хмелницки изјави дека биле извршени три ноќни напади врз истоимениот град, кој се наоѓа меѓу Киев и Лавов.

Од четворицата повредени, тројца се во болница во тешка состојба, но нивните животи не се во опасност, изјави гувернерот преку Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три лица загинаа во руски ракетен напад во близина на Суми

Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 14 борбени беспилотни летала Шахед од иранско производство и дека украинската противвоздушна одбрана соборила 11.

Девет беа соборени околу Киев, соопшти воената управа на главниот град на Украина, наведувајќи дека во тој напад нема жртви или оштетени предмети.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.