Киев: Русите не дозволуваат евакуација на ранетите од Азовстал

Сподели со своите пријатели

Русија не дозволува евакуација на ранетите украински борци од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, каде што се под опсада, изјави денеска гувернерот на областа Доњецк Павло Кириленко.

Loading...

Тој тврди дека руската страна не дозволува формирање хуманитарни коридори за евакуација на цивили од тој регион, пренесува Ројтерс.

 

Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа

 

Кириленко рече дека само 370.000 жители останале во деловите на Доњецката област под контрола на Киев, од 1,67 милиони пред руската воена операција.

Руското Министерство за одбрана постојано прогласуваше „режим на тишина“ за да им се дозволи на цивилите да го напуштат Азов.

 

Loading...

Уапсен украински маринец; планирал терористички напад на Крим

 

Обединетите нации по разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во вторникот соопштија дека Путин начелно се согласил ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да учествуваат во евакуацијата на цивилите од фабриката за челик Азовстал.