Киев преговара со западни компании за производство на оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот заменик министер за стратешка индустрија Сергеј Бојев изјави дека Киев е во преговори со западни компании за производство на оружје на украинска територија и дека украинските власти би можеле да потпишат договори со производителите во наредните месеци.

Loading...

Според украинскиот претставник, во тек се преговори со производители од Германија, Италија и Франција за компаниите да започнат со производство во самата Украина.

– Со нив сме во многу детални разговори. И сигурни сме дека ќе ги потпишеме договорите во следните неколку месеци – изјави Бојев за Ројтерс на маргините на аеромитингот во Париз.

Тој изјави дека конкретно разговарал со производители на дронови, од големи меѓународни компании до мали добавувачи.

– Станува збор за различни нивоа на соработка, а некои од компаниите велат дека се подготвени да дојдат да инвестираат и да произведуваат дронови – рече Бојев.

Тој додаде дека за одвраќање на агресијата во иднина ќе биде потребна силна одбранбена индустрија во Украина и силни украински вооружени сили.

– Затоа сметаме дека доаѓањето на меѓународните партнери во Украина, воспоставувањето производство и вклучувањето на Украина во безбедносната рамка на слободниот свет е од суштинско значење – рече Бојев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...