Киев подготвува контраофанзива: Цивилите да се евакуираат!

Сподели со своите пријатели

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска ги повика цивилите во областа Херсон на југот на Украина, која е под контрола на Русија, веднаш да се евакуираат бидејќи украинските вооружени сили подготвуваат контранапад.

Loading...

„Јасно е дека ќе има борби и гранатирање. Затоа ги повикуваме луѓето веднаш да се евакуираат“, објави Верешчук на националната телевизија и нагласи дека не може да каже кога точно ќе се случи украинската контраофанзива.

Таа предупреди дека постојат сигурни извештаи дека жените и децата не треба да бидат во Херсон за да не се користат „како жив штит“, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жестоки ракетни напади на Одеса и Суми

Властите во Херсон, назначени од Русија, велат дека сакаат референдум за отцепување, но допрва треба да одредат датум, додека Кремљ вели дека иднината на регионот треба да ја решаваат неговите жители.

Украина изгуби контрола над поголемиот дел од црноморскиот регион Керсон, вклучувајќи го и истоимениот главен град, во првите недели по почетокот на руската офанзива на 24 февруари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.