Киев огорчен на Вашингтон поради протекување разузнавачки информации

Сподели со своите пријатели

Официјални лица во Киев се огорчени од протечените американски разузнавачки информации кои ја поткопуваат способноста на Украина да ја врати својата територија што Русија ја зазеде оваа пролет, пишува денес Политико.

Loading...

Порталот вели дека високите украински функционери биле особено бесни поради објавувањето на „строго тајна“ проценка од февруари, која сугерира дека Украина ќе оствари само „скромни територијални придобивки“ во својата планирана пролетна контраофанзива.

Киев вели дека документот покажува дека САД повторно ги потценуваат воените капацитети на Украина.

„Истите луѓе кои велеа дека Киев ќе падне за три дена, сега шират штетни и подеднакво смешни информации пред офанзивата која е критично важна за целиот слободен свет“, изјави неименуван извор во редовен контакт со високи функционери во Киев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски дрон влегол во романскиот воздушен простор, кренати воените авиони

Неименуван украински функционер изјави дека украинската војска докажала дека тие оценки се погрешни и дека информациите за идната контраофанзива, за кои рече дека протекоа, „не се точни“.

„Тоа ни дава причина да се сомневаме колку сериозно САД ги поддржуваат целите на Украина целосно да ја истисне Русија од земјата“, рече претставникот.

Друг неименуван извор, кој исто така е во контакт со украински официјални лица, рече дека постои широко распространето чувство во украинската влада дека САД не ја поддржуваат доволно Украина во контраофанзивата.

Коментарите јасно покажуваат дека САД и Украина не се толку синхронизирани како што тврдат двете земји, оценува Политико, пренесува Танјуг.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто милијардерите Маск, Безос и Цукерберг паѓаат пред Трамп?

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба напиша на Твитер дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторникот го повикал да ја потврди, како што рече, „железната американска поддршка и силно ги отфрли сите обиди да се фрли сомнеж врз способноста на Украина да победи на бојното поле“.

Украинската контраофанзива, според објавените разузнавачки информации, ќе биде насочена кон источна и јужна Украина, со крајна цел да го прекине копнениот пристап на Русија до Крим.

Сепак, мал број функционери во американската администрација веруваат дека Киев може да поврати поголем дел од територијата окупирана од Русија, оценува Политико.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.