Киев: Најмалку две лица загинаа во гранатирањето на Запорожје

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа во текот на ноќта во рускиот грант на украинскиот град Запорожје, објави регионалниот началник Олександр Старук на Телеграм.

Loading...

Тој додаде дека најмалку пет лица се под урнатините и дека операцијата за спасување продолжува, пренесува Ројтерс.

Старух претходно изјави дека во гранатирањето на градот Запорожје биле уништени неколку станбени згради и дека имало пожар, како и дека спасувачите извлекувале луѓе од урнатините.

Запорожје е еден од четирите украински региони анектирани од Русија, по организираниот референдум, за кој Киев и неговите сојузници велат дека не е во согласност со меѓународното право и никогаш нема да го прифатат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.