Властите инсталирани во овој град од Русија велат дека сакаат да одржат референдум за отцепување, но сѐ уште не одредиле датум.
Бројот на загинати во рускиот ракетен напад на станбена зграда вчера се искачи на 24, а спасувачите и натаму трагаат по преживеани, соопштија службите за итни случаи.
Како што се наведува, девет лица наводно биле спасени од урнатините на петкатната зграда во градот Хасив Јар во регионот на Доњецк, кој беше погоден доцна во саботата, објави Ројтерс.
Часив Јар се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од градот Краматорск, кој, според агенцијата, се очекува да биде главната цел на руските сили додека напредуваат во западна Украина.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека ракетните напади на руската војска погодиле магацини во централниот украински регион Днепар, кои биле користени за снабдување со ракетни фрлачи и артилериско оружје.
Се вели дека руските ракетни напади биле насочени кон украинската војска и странските борци во регионот на Харков.
Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков тврди дека се елиминирани околу 250 милитанти.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика цивилите во областа Херсон, јужна Украина, под контрола на Русија, веднаш да се евакуираат додека украинските вооружени сили подготвуваат контранапад.
Таа предупреди дека постојат сигурни сознанија дека жените и децата не треба да бидат во Херсон за да не се користат како жив штит, пренесува Ројтерс.
Властите во Херсон, назначени од Русија, велат дека сакаат референдум за отцепување, но допрва треба да одредат датум, додека Кремљ вели дека иднината на регионот треба да ја решаваат неговите жители.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ со кој се олеснува процедурата за добивање руски пасош за граѓаните на Украина.
„Жителите на Украина, Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск и луѓето кои немаат постојано државјанство на ДПР, ЛПР или Украина, имаат можност да аплицираат за државјанство на Руската Федерација во согласност со законот за државјанство на Руската Федерација“, се вели во указот на Путин.
Претходната верзија на декретот ги опфаќаше само жителите на регионите ДПР, ЛНР и Херсон и Запорожје во Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.