Руските сили „масовно се прегрупираат“ во два јужни региони на Украина, Херсон и Запорожје, што се чини дека е промена во тактиката на Москва, изјави советник на украинскиот претседател.
Олексеј Арестович во интервју рече дека руските сили ја освоиле втората по големина термоцентрала во Украина.
Проруските сили претходно објавија дека ја освоиле термоелектраната Вулехирск од советската ера во источна Украина.
Арестович додаде дека Русија се чини дека преминува од офанзивна во стратешка дефанзивна, користејќи тактички напади за да го ослабне офанзивниот потенцијал на Украина во клучниот источен индустриски регион Доњецк.
„Ова би не ставило во ситуација да не можеме да ја ослободиме целата наша територија“, рече тој.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.