Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова денеска изјави дека размената на 40 воени заробеници била договорена на средба со нејзиниот украински колега Дмитро Лубинец, пренесува Ројтерс.
Состанокот се одржал во хотел во турската престолнина Анкара, на маргините на конференцијата на омбудсманите на Турција, Украина и Русија, наведува британската агенција.
Москалкова денеска на Телеграм објави дека со Лубинец разговарала за прашањата за обезбедување хуманитарна помош за граѓаните на двете земји, а украинскиот омбудсман пред средбата во Турција изјави дека главна тема на разговор треба да биде враќањето на нашите херои, осврнувајќи се на размена на затвореници.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.