Јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон го освои АТП турнирот во Њујорк, откако во финалето го совлада Американецот Сем Квери со резултат 4:6, 6:3, 7:6 (7-1).
Со оваа победа Андерсон ќе го преземе деветто место на АТП листата, но воедно го израмни и резултатот од меѓусебните пресметки со Квери и сега двајца имаат по осум победи.
– Првпат игравме еден против друг пред 11 години. Секогаш имаме многу неизвесни натпревари. Досега само неколку пати сум играл во финале и навистина ми значи што победив денеска. Ова ми дава самодоверба за сезоната која следи, изјави Андерсон.
За Јужноафриканецот ова е четврта титула, а минатиот септември изгуби од Рафаел Надал во финалето на Ју Ес опен./МИА