Сцената од ресторан во Шпанија го трогна келнерот, но и сите оние кои ја гледаа неговата објава на социјалните мрежи.
Имено, девет пензионери направиле сметка од 163 евра, а кога келнерот дошол да наплати, нашол лист на кој, без телефон и дигитрон, постарите ја поделиле сумата на еднакви делови.
– Вака пензионерите ја делат сметката – напишал келнерот Марио Алберто, кој признал дека искрено бил изненаден од ваквиот потег на постарите кои решиле да се опуштат вечерта, но ги покажале и вештините на пресметување без дигитрон.
Многумина, пак, се зачудени од начинот на пресметување, потпишување со хартија и молив, што ретко кој работи во време на телефони и калкулатори.
„Умот им е на друго ниво“, „Не знам дали би знаел да делам со децимали без калкулатор“, „Убаво е што постарите луѓе го користат овој начин на пресметка за да си го забрзаат умот“, се само некои на коментарите.
Personas mayores dividiendo así la cuenta del restaurante ❤ @soycamarero pic.twitter.com/VC7lcCTnHW
— Srto. Mario Alberto 🏳️🌈 🇪🇸 (@MarioAlbertoRu) December 13, 2021