Келн ќе ги гасне светлата на јавните објекти по 23 часот

Сподели со своите пријатели

Властите на германскиот град Келн одлучија поради кризата во снабдувањето со енергија предизвикана од војната во Украина, осветлувањето на јавните објекти, вклучително и познатата туристичка атракција – катедралата во Келн, ќе биде исклучено во 23 часот.

Loading...

Градскиот совет на Келн објави дека катедралата е една од 130-те згради кои цела ноќ биле осветлени со повеќе од 1.000 рефлектори, а сега ќе ги исклучат рефлекторите за да заштедат енергија.

Меѓу другите објекти се и историското градско собрание и столбовите околу стадионот на фудбалскиот клуб Келн, објавија германските медиуми.

Германскиот E.ON, најголемиот европски оператор за енергетска мрежа, претходно денеска соопшти дека ја намалил вредноста на својот удел во гасоводот Северен тек 1 за околу 700 милиони евра (715 милиони долари) поради „зголемената неизвесност“ за влијанието на Руско-украинска војна…

Компанијата во март објави дека нејзиниот удел од 15,5 отсто, кој го поседува индиректно преку пензискиот фонд во Северен тек 1, има сметководствена вредност од 1,2 милијарди евра, што значи дека вредноста на тој удел е намалена за 58 отсто, пренесува Ројтерс.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.