Казни за 18 возачи во Куманово: Возеле пребрзо

Сподели со своите пријатели

Осумнаесет лица биле казнети во текот на вчерашниот ден во Куманово поради возење со брзина над дозволената, при што пет од нив биле откриени со т.н. „ноќен радар“.

Loading...

– Вчера (13.12.2021), на територија на општина Куманово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 18 возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина, од кои 5 биле откриени со т.н. „ноќен радар“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените сообраќајни контроли, како што посочуваат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски