Казнети 18 пијани возачи ноќва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово ноќва 18 возачи биле казнети поради управување моторно возило под дејство на алкохол.

Loading...

– Во текот на изминатата вечер (11/12.12.2021) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Куманово, при што санкционирани се 18 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените акциски контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски