Казнет со 550 евра поради кражба на монети од римската фонтана

Сподели со своите пријатели

Холанѓанин, фатен при кражба на монети од ренесансната фонтана во центарот на Рим, ќе мора да плати казна од 550 евра.

Loading...

Полициските службеници го фатиле на дело, рекла локалната полиција, а пренесуваат тамошните агенции.

Мажот (36) влетал во фонтаната дел Моро на плоштадот во Навона која е туристичко собиралиште. Откако сфатил дека го забележала полицијата, се обидел да ги сокрие украдените монети, се наведува во изјавата.

Римскиот градски совет неодамна воведе строги правила за недозволено однесување во јавноста, како капење во фонтаните и консумирање алкохо на улиците по 23 часот.

Image by Claudio Lombardi from Pixabay

Leave a Reply