Казнет пратеник, зборувал на телефон додека возел од Куманово кон Скопје

Сподели со своите пријатели

Додека возел од Куманово кон Скопје, пратеник во Собранието зборувал на мобилен телефон, па заработил казна од скопската полиција, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

– Полициски службеници од СВР Скопје денеска (18.01.2021) му врачија платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје, стои во соопштението на МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта во Република Северна Македонија.

Никола Ивановски

Leave a Reply