Денеска официјално започнува есента на северната хемисфера. Според астрономските пресметки, есенската рамноденица ќе се случи во 18:19 часот по универзално време (UTC), што во Македонија значи 20:19 часот по локално време.
Овој момент означува кога Сонцето преминува преку небесниот екватор, резултирајќи со приближно еднаква должина на денот и ноќта. На јужната хемисфера, во исто време, настапува пролетта.
Со почетокот на есента, деновите постепено ќе стануваат пократки, а ноќите подолги, а природата ќе започне да се облекува во топлите тонови на жолта, портокалова и црвена боја.