Казахстан ќе ги заштити Русите кои бегаат од мобилизација

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев денеска увери дека неговата земја ќе ги заштити Русите кои бегаат во Казахстан за да ја избегнат моменталната мобилизација во Русија.

Loading...

„Последниве денови ни доаѓаа многу луѓе од Русија. Повеќето се принудени да си заминат поради безизлезната ситуација“, рече Токаев.

„Треба да се грижиме за нив и да се погрижиме да бидат безбедни“, рече Токаев, кој е сојузник на Москва, но се огради од Кремљ од почетокот на руската офанзива во Украина.

Казахстанскиот претседател, исто така, повторно го осуди конфликтот во Украина и повика на почитување на територијалниот интегритет додека Русија организира референдуми во четири украински региони за припојување кон Москва.

„Територијалниот интегритет на државата треба да биде неотуѓив, тоа е клучен принцип“, рече претседателот.

„Во нашето непосредно соседство се води голема војна. Тоа треба да го запомниме, мислејќи пред се на сопствената безбедност“, додаде Токаев.

Поранешната советска република во Централна Азија, Казахстан, е сојузник на Русија и членка на економската и царинската унија со Русија, а исто така има добри односи со Западот и со Кина.

Руската офанзива во Украина ги зголеми стравувањата кај некои во Казахстан дека и тие би можеле да станат мета на руските амбиции, особено поради долгата граница со Русија и големото руско малцинство.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.