Кавадарчанец е осуден на парична казна од 400 евра за кривичното дело „Задоволување на полови страсти пред друг“ бидејќи заедно со својот пријател објавиле видео на социјалните мрежи како тој имал секс со магаре, пишува СДК.
Обвинетиот маж не се жалел и пресудата е правосилна.
Настанот се случил на 5 март годинава, во близина на фудбалско игралиште на селото каде тој живеел.
„Обвинетиот маж вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно – магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на Фејсбук“, пишува во обвинението.
Судот го казнил сторител со 40 дневни глоби во вредност од по 10 евра или вкупно 400 евра.
Извор: СДК.мк