Католиците го слават Велигден

Сподели со своите пријатели

Христијанските верници од католичка вероисповед денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Loading...

Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.

Велигден се слави во неделата која следи после првата полна месечина по пролетната рамнодневица. Поради тоа. Велигден може да се падне на било кој датум од 21 март до 25 април. Разликата помеѓу датумот на Велигден за католиците и православните верници доаѓа поради користење на Грегоријанкиот односно Јулијанскиот календар.

фото: пиксабеј

Leave a Reply