Католиците го слават Велигден – ден на Воскресение Христово

Сподели со своите пријатели

Христијанските верници од католичка вероисповед денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Loading...

Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го Велигден на католичките верници на литургијата ја прочита велигденската порака.

Велигден се слави во неделата која следи после првата полна месечина по пролетната рамнодневица. Поради тоа. Велигден може да се падне на било кој датум од 21 март до 25 април. Разликата помеѓу датумот на Велигден за католиците и православните верници доаѓа поради користење на Грегоријанкиот односно Јулијанскиот календар.

Во 2017 година, според календарот, православните и католички верници ќе го слават Велигден во ист ден, т.е на 16 април.

Leave a Reply