Катни гаражи, кружни текови, велосипедски и пешачки зони најави Петковски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нови катни гаражи, од кои дел подземни, пет кружни текови, изградба на велосипедски патеки, но и затворање на дел од улиците во централното градско подрачје и нивно претворање во пешачки зони, најави денеска кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Стефан Петковски.

Loading...

Сообраќајната инфраструктура, како што посочи Петковски, е клучниот фактор за непречено движење и функционирање на граѓаните кои се директни ученисници во сообраќајот.

– Изградба на катна гаража предвидена со детален урбанистички план во непосредна близина на градскиот плоштад кај НАМА, изградба на подземна катна гаража со поголем капацитет на локација Чоробенско ќоше во склоп на новата предвидена општинска зграда, изјави тој.

Петковски најави дека како дел од програмата во следните четири години доколку имаат мнозинство во Советот на Општина Куманово ќе бидат изградени пет кружни текови.

– Ќе изградиме пет нови кружни текови на пет локации: првиот крстосница помеѓу улиците „Бајрам Шабани“, булеварот „Трета МУБ“ и улицата „Гоце Делчев“ кај локалитетот Серава. Вториот на крстосница помеѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и булевар „Трета Македонска ударна бригада“. Третиот на крстосница помеѓу булеварот „Октомвриска револуција“, улица „Доне Божинов“, во близина на бензинската станица Макпетрол. Четвртиот на крстосница меѓу булеварот „Трета МУБ“ и улицата „Тоде Мендол“ кај градскиот пазар и петиот на крстосница кај булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Видое Смилевски Бато“ кај влезот во селото Проевце, изјави кандидатот за советник.

 

 

Loading...

Планот, како што вели тој, е и воведување пешачка зона во централното градско подрачје во две фази. Во првата фаза ќе се воведе пешачка зона на дел од улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“, додека во втората на дел од улицата „Народна револуција“ до крстосницата со „Трета МУБ“ до Комитет и на дел од улицата „Ленинова“.

Воедно, Петковски најави и изградба на развиена велосипедска инфраструктура.

– Нашите цели по локалните избори се редефинирање на остоечките сообраќајници и обезбедување на континутет со двожење на велосипед по сигурни и безбедни траси со формирање на велосипедски прстен во две фази. Фаза еден, траса која почнува на кружниот тек од влезот на градот по должина на булеварот „Трета МУБ“ од двете страни, по должина на булеварот „Октомвриска револуција“ до поранешен Ловачеки дом исто така од двете страни, улицата „Доне Божинов“ улицата „11 Октомври“ се до повторно враќање на кружниот тек на влезот на градот. Фаза 2, траса по должина на улиците „Народна револуција“, „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“, „Видое Смилевски Бато“, „Братство единство“, „Моша Пијаде“ и улицата „Браќа Рибар“, рече тој.

Проблемот со паркинг места, како што рече, ќе го решат со поставување на модуларни еднокатни паркиралишта на локацијата Берза, на влез во Куманово паркингот кај фабриката Искра и на булеварот „Октомвриска револуција“ во близина на зградите К4 и К5.

– Како приоритет во подобрувањето на сообраќајната инфраструктура е реконструкција и изградба на тротоари, ослободување на постојаните тротоари од паркирани возила со метални столпчиња и ставање во функција на пешаците со дополнително поставување на урбана опрема по цела нивна должина. Планираме исто така и средства за успорување на сообраќајот на повеќе локации во градот, а посебно во близина на училиштата, но Министерството за внатрешни работи мора ова да го регулира и да го контролира сообраќајот. Како институција мора поактивно да биде вклучена во оваа нејзина обврска за зголамување на безбедноста на сите граѓани на Општина Куманово, изјави Петковски.

Со овие проекти и активности, вели тој, ќе се подобрат условите за сообраќајно движење и непречено функционирање на сите учесници во сообраќајот, а значително ќе се зголеми и безбедноста на пешаците, велосипедистите и сите други граѓани во Куманово.

Никола Ивановски