Катица Јанева поднесе оставка од СЈО

Сподели со своите пријатели

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесе оставка од функцијата, а одлуката ја образоложи во соопштение на официјалната страница на СЈО, во која наведува дека нема да дозволи нејзиното име да биде искористено за нечие алиби со кое, како што вели, во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и европските интеграции на земјата.

Loading...

Во продолжение интегрално го пренесуваме нејзиното соопштение до јавноста:

Специјалната обвинителка Катица Јанева си даде оставка на функцијата, а својата одлука ја образложи во соопштение на официјалната страница на Обвинителството, коешто го пренесуваме интегрално:

Почитувани,

Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена.

Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја.

Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник. 

Дозволете, јавно да се заблагодарам на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција.

Loading...

Ја користам приликата да се заблагодарам на сите граѓани и на медиумите кои со довербата во нас и поддршката која ја даваат се ветер во грб за одговорната работа која ја вршиме. Бев и ќе останам подготвена да се борам за подобро утре на сите граѓани на Република Северна Македонија.

фото: YouTube printscreen

Leave a Reply