КАТАСТРОФА: На Арктикот исчезнаа две санти мраз стари илјадници години

Сподели со своите пријатели

Поголемата санта имала површина од 3 квадратни милји, а помалите 1,1 милји и се намалуваат од 1959 година поради глобалното затоплување.

Loading...

Научниците проценуваат дека снежните врнежи се формирале пред околу 5000 години и дека тие биле значително поголеми во периодот од 16-ти до 19-ти век, во периодот познат како „Мало ледено доба“, објави Си-Ен-Ен.

Од 2015 година овие две санти почнале да се топат брзо, па сигурно било дека ќе исчезнат во блиска иднина, но Марк Сиризи, од Националниот центар за проучување на снегот и мразот, вели дека тој сè уште е изненаден што исчезнале многу побрзо отколку е предвидено.

„Едноставно е премногу жешко на Земјата“, рече Сиризи, додавајќи дека исчезнувањето на двете санти од заливот Сент Патрик претставува сериозно предупредување за тоа што се случува на Арктикот.

Leave a Reply