КАС ги дисквалификува Крушелницки и Бризгалова, бронзата во карлинг оди во Норвешка

Сподели со своите пријатели

Спортскиот арбитражен суд (КАС) го дисквалификуваше рускиот карлинг тим (мешани двојки) за позитивниот допинг тест на Александар Крушелницки.

Натпреварувачот од Русија, наводно, бил фатен во употреба на забранетата супстанца мелдониум, откако тој и неговата сопруга Анастасија Бризгалова освоија бронза на турнирот во мешани тимови.

Одлуката на КАС значи дека бронзените медали на Крушелницки и Бризгалова ќе бидат одземени и дадени на четвртиот тим на турнирот – Норвешка.

Меѓународната карлинг федерација се очекува да ги суспендира натпреварувачките права на Крушелницки за две години. /МИА

Leave a Reply