Шпанскиот тенисер Пабло Карено-Буста не можеше да се помири со поразот од Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос. Србинот победи со 3-1, иако го загуби првиот сет со 4:6.
При водство на Карено-Буста, Србинот повика лекар на теренот затоа што чувствуваше болка во левата рака.
– Не бев изненаден што тој побара пауза. Тоа значеше дека играв добро, односно тој губи. Тој секогаш го прави ова, многу години повикува на лекар кога губи. Во последниве години, тој го прави ова постојано кога се појавуваат проблеми на теренот. Не знам, можеби овој притисок влијае толку многу или едноставно му треба. Но, тогаш тој продолжува да игра нормално. Не знам дали навистина го боли или е нешто психолошко. Прашај те го него, изјави Карено-Буста.
Во полуфиналето на Грен слемот во Париз, Ѓоковиќ утре ќе се сретне со Гркот Стефанос Циципас.
Зоран Стерјовски