Карантин или осаменост? Австралија доживеала бејби бум во пандемијата

Сподели со своите пријатели

Иако периодот на пандемијата не изгледа како најдобро време за создавање семејство, новите податоци покажуваат дека Ковид-19 довел до еден вид бејби бум во Австралија.

Loading...

Според извештајот на Австралискиот институт за здравје и благосостојба (AIHW), во 2021 година се родени рекордни 315.705 бебиња.

Портпаролката на AIHW, Деана Елдриџ, рече дека високиот број на наталитет е во согласност со шпекулациите за Ковид-бум, но истакна дека стапката на наталитет се’ уште паѓа во целина.

„Всушност забележавме постојан пад на наталитетот од 2016 година, а 2020 година беше најниската стапка на наталитет откако AIHW почна да собира податоци. Во 2021 година видовме закрепнување на трендот“, рече Елдриџ.

„Високите бројки се во согласност со шпекулациите за бејби бум поради Ковид“

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата за да видиме дали стапката на наталитет ќе продолжи да расте, да стагнира или да продолжи со надолен тренд. Повеќето од бебињата зачнати во карантини во 2020 година се родени во 2021 година, така што високите бројки се во согласност со шпекулациите за ковид бејби бум“.

Во извештајот на AIHW се наведува дека на почетокот на овој век стапката на наталитет била релативно стабилна и изнесувала 60 бебиња на 1.000 жени во репродуктивна возраст, а почнала да расте во 2004 година, кога министерот Питер Костело воведе бебешки бонус, паушална исплата на родителите.

Стапката се зголеми на 65,8 во 2007 година, а потоа почна да паѓа. Во 2017 година беше 59,7, во 2020 година беше 56,1, а во 2021 година (за време на пандемијата) 61.