Капсула со радиоактивна супстанција исчезнала во Австралија

Сподели со своите пријатели

Во Западна Австралија во тек е итна потрага по мала капсула која содржи радиоактивна супстанција.

Loading...

Капсулата која исчезнала некаде во Западна Австралија содржи мала количина на радиоактивен цезиум-137, кој во случај на контакт може да предизвика сериозна болест.

Оваа капсула е изгубена помеѓу Њуман и Перт во средината на јануари и јавноста е предупредена да се држи подалеку од капсулата доколку ја види.

Капсулата, всушност, била транспортирана со камион од рудникот северно од Њуман до источните предградија на Перт помеѓу 10 и 16 јануари.

Цезиум-137 е супстанца која најчесто се користи во рударските операции.

Одделот за пожарна и итни служби соопшти дека капсулата може да предизвика изгореници од радијација и да остави други долгорочни ризици како што е ракот.

Д-р Ендрју Робертсон, главен здравствен директор во Западна Австралија и претседател на советот за радиологија, рече дека установата емитува „разумна“ количина на зрачење.

„Нашата грижа е дека некој ќе ја земе, не знаејќи што е. Може да помислат дека е нешто интересно и да ја задржат капсулата и да ја чуваат во својата соба, во својот автомобил или да ја дадат некому“, рече д-р Робертсон.

Loading...

Објавена е илустрација на објектот, со димензии 6 на 8 милиметри, во сребрена боја.

Пребарана е локацијата каде што почнал и завршил транспортот и сега се утврдува точната рута и местата каде е направен прекин за да се стесни полето за пребарување.