Капацитетите за обновлива енергија ќе се удвојат за пет години

Сподели со своите пријатели

Глобалниот капацитет за обновлива енергија треба да се удвои во следните пет години, поради загриженоста за енергетската безбедност по руската инвазија на Украина, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Loading...

Во својот годишен извештај за изгледите за обновлива енергија, цитиран од Ројтерс, ИЕА очекува светскиот капацитет да порасне за 2.400 гигавати (GW), еднаков на вкупниот енергетски капацитет на Кина денес, на 5.640 GW до 2027 година.

Тој пораст е за 30 отсто поголем од прогнозата од пред една година.

Високите цени на гасот и електричната енергија поради глобалната енергетска криза оваа година ги направија технологиите за обновлива енергија (ОИЕ) попривлечни.

Исто така, придонесуваат за растот на обновливите извори на енергија, САД, Кина и Индија, кои спроведуваат политички и пазарни реформи за да поттикнат побрзо распоредување на ОИЕ од претходно планираното.

Кризата предизвика побрз раст

„Обновливите извори на енергија досега брзо се проширија, но глобалната енергетска криза ги турна во извонредна нова фаза на уште побрз раст додека земјите се обидуваат да ја максимизираат својата енергетска безбедност“, вели Фатих Бирол, извршен директор на ИЕА.

Според него, светот е подготвен да го зголеми производството на обновливи извори на енергија во следните пет години до степен што го направи во претходните 20 години.

Во извештајот се наведува дека обновливите извори на енергија ќе учествуваат со над 90 отсто од глобалниот раст на електричната енергија во следните пет години, надминувајќи го јагленот и ќе стане најголемиот извор за производство на електрична енергија до почетокот на 2025 година.

Loading...

Глобалниот соларен фотоволтаичен капацитет речиси тројно ќе се зголеми до 2027 година и ќе стане најголемиот извор на електрична енергија во светот, а капацитетот на енергијата на ветерот ќе се удвои.

Во исто време, побарувачката за биогорива ќе порасне за 22 отсто до 2027 година, се вели во извештајот.