Кандидатите за градоначалник од Ранковце потпишаа Кодекс за фер изборна кампања

Сподели со своите пријатели

Кандидатите за градоначалник на Ранковце, Ивица Тошевски, независен кандидат, поддржан од Коалицијата за локални избори 2017 предводена од СДСМ и Роберт Симоновски од Коалицијата за локални избори 2017 предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Општинската изборна комисија – Ранковце потпишаа Кодексот за фер изборна кампања.

Тошевски и Симоновски повикаа на достоинствена изборна кампања, без какви било притисоци, уцени и закани до населението, со почит кон демократскот право на секој граѓанин за самостојно одлучување.

Даниел Крстевски, претседател на ОИК, посочи дека сите учесници во изборите со своите активности го псотавуваат фундаментот на демократијата и градење на изборниот систем во Република Македонија. Рече со кодексот, учеснциите во изборите се обврзуваат на активно промовирање на фер и демократски избори, со почитување на избирачкото на еднаквото, општо избирачко право на секој граѓанин, придонесувајќи на фер и демократски избори по највисоки стандарди.

Жителите на општина Ранковце на локалните избори ќе одлучуваат за избор на советници од поднесените три кандидатски листи: на Коалицијата предводена од СДСМ со носител Христина Младеновска, на Коалицијата за локални избори 2017 предводена од ВМРО-ДПМНЕ чиј носител е Сузана Спасовска и листата на група избирачи „Димитар Цветковски“.

Извор: МИА

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.