Кандидатите за градоначалник на Куманово вечерва на дебата

Сподели со своите пријатели

Кандидатите за градоначалник на Куманово вечерва ќе се соочат на дебата во организација на Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ) во кружната сала на поранешен комитет со почеток во 18 часот и интегрален пренос на Телевизија „ПЛУС“.

Максим Димитриевски од СДСМ, Башким Османи од Алијансата на Албанците, Бесник Мемети од ДПА и Дритон Сулејмани од БЕСА ги потврдиле своите учества во дебата, додека неизвесно е дали ќе се појави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски кој се уште го нема потврдено своето присуство.

Целта на оваа дебата е да се соочат кандидатите за градоначалници, преку конструктивна и аргументирана размена на идеи, ставови и заложби, да се претстават себе сѝ и својата програма поблиску до граѓаните.

Работните јазици на дебатите се албански и македонски јазик.