Канческа Милевска на судење за „Тендери“

Сподели со своите пријатели

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд, како првообвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Канческа-Милевска е обвинета за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.

Обвинители од СЈО во овој случај се Стевчо Донев и Лиле Стефановска.

На почетокот на судењето, адвокатите Сашо Дуковски и Еленко Миланов реагираа до судот во врска со вештачењето од „ЕОС консалтинг“, оценувајќи го како необјективно. Станува збор за вештачење на подружница на италијанска компанија, која не може да се јавува како носител на вештачење. Вештачењето изработено на 700 страници е потпишано од Страхил Глигоровски.

Апелацискиот суд Скопје во ноември лани реши дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка и во случајот „Тендери“./МИА

Leave a Reply